52
Фудбалерите на Барселона во вчерашниот натпревар го претрпеа вториот пораз во шпанското првенство откако во рамките од 13. коло Реал Сосиедад ги обеди со 1:0.
Тоа беше прва победа за баскискиот клуб против Барселона по 2016 година кога исто така беше 1:0.
Она што посебно се издвојува преку статистиката е немоќта на Барселона во нападот. Лидерот во Ла Лига во претходните 12 натпревари постигна дури 40 голови, но на „Сан Себастијан“ не изгледаа така расположено.
Вкупно Барселона упати 11 удари кон голот на домаќинот, но ниту еден од тие 11 не одел во рамките од голот. Такво нешто според статистиката на „Опта“ на Барселона претходно и се случило во 2014 година против Малага кога тимот го предоводеше Луис Енрике.