Ујдурмата која ќе ја направат ПСЖ и Нејмар за да го заобиколат финансискиот ферплеј

by
1 минути читање

Нејмар е на чекор до трансфер во ПСЖ, се очекува во наредните денови и официјално да биде потврден како фудбалер на францускиот тим.

На почетокот делуваше чудно, како ПСЖ може да си дозволи трансфер од 222 милиони евра, а да не ги прекрши правилата на финансискиот ферплеј.

Но шпанските медиуми откриваат како ПСЖ, Нејмар и катарската држва од каде се сопствениците на францускиот клуб, ќе ги изиграат правилата.

Катар Спорт Инвестмен ќе му даде 300 милиони евра на Нејмар за тој да биде амбасадор на Светското првенство во 2022 година, а Бразилецот со 222 милиони евра сам ќе си ја плати откупната клаузула. Така Нејмар како слободен фудбалер ќе потпише за ПСЖ кој официјално нема да плати ништо за негов ангажман.

Тие 300 милиони евра од катарската држава ќе бидат со нула посто данок, па остатокот, 78 милиони евра кои ќе му останат на Нејмар ќе биде сумата која вистински му ја плаќаат за маркетинг активностите поврзани со Светското првенство во Катар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани