Челси не остава ништо на случајот: Конте пикираше еден од предводниците на Лестер

by
1 минути читање

Стратегот од
клупата на англискиот шампион, Антонио Конте има листа на фудбалери по кои
тимот ќе тргне во обид за ангажман, по продажбата на Немања Матиќ во Манчестер
јунајтед, една од опциите е репрезентативецот на Англија, и член на Лестер,
Дени Дринквотер.

Челси дупката
која ја остави во средниот ред сака да ја пополни со Дринквотер, кој е наводно
првата желба на тимот од Лондон, но според информациите кои пристигнуваат од
Островот, се вели дека минатогодишниот шампион на Англија засега не е
заинтересиран за продажба на 27 годишниот фудбалер од средниот ред.

Челси пикираше
неколку фудбалери и поради фактот што новајлијата во тимот, Тимуе Бакајоко повреден дојде во тимот од Лондон ова лето.

Иако најавите велат дека тој ќе се врати за мечот против Арсенал предвиден претстојнава недела во рамките на Комјунити Шилд, сепак, Челси се чини дека не сака ништо да остави на случајот.

Покрај
Дринквотер, на листата на желби на италијанскиот стратег се споменуваат уште и
Ренато Санчез од Баерн Минхен, Алекс Окслејд Чемберлејн од Арсенал, како и Рос
Баркли од Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани