Навивачите на израелскиот Макаби вчера во натпреварот против Ајакс не ја испочитуваа минутата молк во спомен на над 200 загинати во поплавите во Шпанија и во тие моменти беа гласни и фрлаа петарди.
„Ултрасите на Макаби ја саботираа минутата молк во спомен на жртвите во Валенсија“, пишува „АС““.
На југоистокот на Шпанија во големите поплави животот го загубија најмалку 219 лица, а 80 се уште се водат за исчезнати. Поради тоа сите натпревари од европските натпреварувања сезонава започнуваа со минута молк.
Исто така навивачите на Макаби пред натпреварот на улиците во Амстердам скандираа и погрдни зборови против Палестина.
Disgusting humans if you can call them that #Maccabi fans not silent for the tragedy in Valencia pic.twitter.com/3gDyp6bXjO
— F (@ansu_tafih) November 7, 2024