Медиумите го однесоа Нејмар во Доха, Париз и Бразил а тој си тера мајтап на социјалните мрежи (ФОТО)

by
1 минути читање

По средбата со Реал Мадрид во Мајами, Нејмар отпатува за Кина, и се очекува дека ова е неговиот последен настап во дресот на „Каталонците“.

Медиумите се убедени дека тој дефинитивно ќе потпише за ПСЖ во рекорден трансфер вреден 222 милиони евра, па секој негов чекор внимателно се следи.

Тој денеска беше забележан во Дубаи, па почнаа да кружат голем број на шпекулации за тоа која ќе биде неговата следна дестинација.

Едни велеа дека ќе отпатува за Доха на средба со Шеиците за да го финализира рекордниот трансфер во ПСЖ и да ги помине редовните лекарски прегледи.

Други велеа дека тој ќе лета за Париз, каде се подготвува спектакуларна промоција.

Имаше и гласини дека Нејамр ќе се врати во родниот Бразил од каде ќе го чека трансферот на Паркот на Принцовите.

На крајот испадна дека тој е на пат за Барселона и вечерва треба да слета на Ел Прат.

Во целото лудило се приклучи и самиот играч кој на социјалните мрежи си тераше мајтап.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани