Често се вели
дека парите не гарантираат успех, но најдобрите клубови од Англија го
занемаруваат ова правило, и оваа година трошат како ретко до сега.
Сумите се превисоки,
некогаш се плаќа и повеќе отколку што треба, а лудилото треба да продолжи и во
последниот месец од преодниот рок.
Најголем
трошаџија до овој момент е Пеп Гвардиола, неговиот Манчестер Сити искешира 212
милиони фунти.
Ова можеби не е
изненадување, но прилично е шокантно името на екипата која се наоѓа на дното.
Во моментов таму
е Тотенхем, вицешампионот од минатата сезона не потроши ниту една фунта и не донесе ниту едно ново име.
1. Манчестер Сити – 212 милиони фунти
2. Манчестер јунајтед – 145,8 милиони фунти
3. Челси – 130,4 милиони фунти
4. Евертон – 93,4 милиони фунти
5. Арсенал – 52,7 милиони фунти
6. Ливерпул – 47,9 милиони фунти
7. Вест Хем – 40 милиони фунти
8. Хадерсфилд Таун – 36,4 милиони фунти
9. Њукасл – 31,2 милиони фунти
10. Борнмут – 30 милиони фунти
11. Лестер – 29,9 милиони фунти
12. Ватфорд – 21 милиони фунти
13. ВБА – 19,8 милиони фунти
14. Брајтон – 13,3 милиони фунти
15. Свонси – 11,5 милиони фунти
16. Барнли – 10 милиони фунти
17. Кристал Палас – 7,9 милиони фунти
18. Саутемптон – 5 милиони фунти
19. Стоук – 0 милиони фунти
20. Тотенхем – 0 милиони фунти