Килијан Мбапе допринесуваше многу за ПСЖ со своите настапи и голови, но исто така важеше и за фудбалер кој сака да му се исполнуваат одредени желби, а сега изгледа дека така продолжува и во Мадрид.
Според информациите на шпанските медиуми, Мбапе не е задоволен од тактиката која ја практикува Карло Анчелоти бидејќи за самиот себе смета дека треба да игра на друга позиција.
Мбапе како што се пренесува сака да игра како крилен напаѓач, место како центарфор. „Кралевите“ во овој период се соочуваат со лоши резултати как ошто се поразите од Лил и Милан во Лигата на шампионите и дебаклот против Барселона во Ла Лига. Поради незадоволството на Французинот може да биде само дополнителен проблем.
Се наведува и дека Мбапе барал од Анчелоти да ја има слободата во играта на теренот како што беше случај во ПСЖ.