Играчите на Јунајтед застануваат зад Ван Нистелрој: Сакаме да остане!

by 24 фудбал
1 минути читање

Рубен Аморим веќе од понеделник треба да ја преземе клупата на Манчестер Јунајтед како наследник на Ерик Тен Хаг.

Португалецот планира на „Олд Трафорд“ да допатува со сопствениот стручен штаб со кој соработува од почетокот на кариерата. Сепак, во Манчестер делува дека сите посакуваат привремениот тренер Руд Ван Нистелрој да остане во клубот. Тоа веќе се најавуваше со денови, а сега јавно прозборува голманот Андре Онана.

Сите во Јунајтед сме 100% сигурни дека сакаме Ван Нистелрој да остане во стручниот штаб. Тој е навистина добар човек, а уште подобар тренер. Среќни сме под негово водство. Сепак, ни не се прашуваме на оваа тема. Тоа треба да го одлучи управата на клубот, а на крајот ние да прифатиме“, изјави голманот.

И самиот Ван Нистелрој изјави дека е отворен да остане и соработува со Рубен Аморим, меѓутоа одлуката веројатно ќе падне меѓу новиот тренер и управата на Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани