Фудбалерите на Челси вечерва ја забележаа една од највисоките победи во историјата на европските натпреварувања и во Конференциската лига беа подобри со 8:0 од ерменска Ноа.
Дебаклот на Ерменците во Лондон започна во 12. минута кога Адарбијо го отвори резултатот, а само една минута подоцна Гуи зголеми и на 2:0. Веќе во 18. минута Дисаси стрела за 3:0, додека Жоа Феликс три минути подоцна се погрижи и за четврти гол.
До крајот на полувремето Феликс уште еднаш се запиша во листата на стрелци, но стрелаше и Мудрик за неверојатни 6:0 по првото полувреме.
Во второто полувреме домашниот тим ја смири топката и постигна уште два гола преку Нкунку за конечни 8:0.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
АПОЕЛ – Фиорентина 2:1
Бетис – Целје 2:1
Ѓургарден – Панатинаикос 2:1
Копенхаген – Башакшехир 2:2
Хертс – Хајденхајм 0:2
Јагјелонија – Молде 3:0
Ларне – Сент Гален 1:2
ЛАСК – Бриж 0:0
Гуимараеш – Млада Болеслав 2:1