23
Во фантастична атмосфера се одигра вчерашното дерби помеѓу Пелистер и Вардар во домашното првенство, а на крајот домаќините славеа победа од 1:0.
Херој на Пелистер беше напаѓачот Мирко Ивановски кој ја искористи приликата во последните моменти од средбата и го совлада голманот Гачевски.
Еден ден по дербито Ивановски се огласи на социјалните мрежи и го искажа своето воодушевување од дербито, но не заборави и да им се заблагодари на навивачите.
„Каква ноќ, каков празник на градот, каква атмосфера, колку емоции, колку народ… Битола, Битолчани, „Чкембари“ ова е за вас…Фала за се“, стои во објавата на Ивановски.