Не е лесно да се скока покрај аут линијата 90 минути, Конте открива колку килограми губи на секој натпревар (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Италијанецот, кој во понеделник полни 48 години, прилично емотивно ја доживува секоја секунда од натпреварите и е познат по својот жесток темперамент

Но ваквото однесување веројатно ќе се промени во иднина, Антонио Конте вели дека натпреварите го истоштуваат премногу.

„Уништен сум по крајот на натпреварите. Мислам дека губам 2-3 килограми за 90 минути“ – открива менаџерот на Челси.

„Се обидувам да ја пренесам сета моја пасија во работата. Знам дека во иднина ќе биде тешко да продолжам во ист стил. Да стоите покрај аут линијата и да имате ваква страст, морате да имете многу сила“.

„Во иднина, ќе има се помалку сила па веројатно ќе треба да биде помирен и малку да седнам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани