Аморим откри дали во Манчестер јунајтед ќе ја донесе првата ѕвезда на Спортинг

by bojan
1 минути читање
Гјокереш

Новиот тренер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим откри дали на Олд Трафорд ќе го донесе и Виктор Гјокереш, кој е прва ѕвезда на Спортинг Лисабон.

„Ѓаволите“ синоќа и официјално го потврдија ангажманот на Рубен Аморим, кој ќе го наследи Ерек тен Хаг на коримилото на Манчестер јунајтед.

Па веднаш почнаа да гружат гласини за тоа кои засилувања би можеле да стигнат на Олд Трафорд во јануари, во редовите на Спортинг има неколку интересни имиња, пред се првата ѕвезда Виктор Гјокереш.

„Цената на Гјокереш е 100 милиони евра и ќе биде многу тешко. Мислам дека нема да купам ниту еден играч на Спортинг во јануари“ – вели Рубен Аморим.

Гјокереш, кој вчера постигна четири погодови во триумфот од 5-1 над Естрела Амадора, исто така беше запрашан дали може да го следи тренерот во Манчестер јунајтед.

„Жали ми што Аморим заминува, тој беше извонреден. Но му посакувам се најдобро, понудата е навистина примамлива“ – вели напаѓачот.

„Не знам дали ќе му се придружам. Како што можете да видите, уживам во играта тука во Спортинг и не мислам на ништо друго“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани