Пујол без влакна на јазикот, му испрати мошне јасна порака на Нејмар

by
1 минути читање

Поранешниот
капитен на Барселона, 39 годишниот Карлес Пујол проговори на темата која ја
тресе фудбалска Европа, најавите дека Бразилецот Нејмар ќе го напушти „Камп Ноу“
и ќе се пресели во ПСЖ.

Пујол директно
му испрати јасна порака на Нејмар, му порача да седне на маса со раководството
на Барселона и да биде јасен во однос на тоа што сака во моментов.

Не знам што ќе
се случи, тој треба да седне на маса со раководството на клубот и да каже што
сака… Не знам дали сака да си замине од Барса, тешко е за еден фудбалер да
остане во еден клуб цела своја кариера, имаме такви случаи со Иниеста, Бускетс,
Меси, мислам дека љубовта кон дресот на еден клуб е голема, но сепак постојат и
други фактори
“ вели Пујол.

Дека има нешто на
повидок, доаѓа и
нервозната реакција на Бразилецот за време на тренингот на Барселона, каде влезе во конфликт со новајлијата во тимот, Семедо.

Поедини извори
пак откриваат дека најдоцна до вторник Нејмар ќе се пресели во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани