28-годишниот фудбалер кој потекнува од школата на Валенсија, Хозе Кастиљехо е една од жртвите кои ги земаа големите поплави во Шпанија.
Фудбалскиот клуб Валенсија излезе со соопштение по повод смртта на фудбалерот.
„Валенсија длабоко жали за смртта на Хозе Кастиље, кој беше дел од нашата Академија и настапуваше и за други клубови,“ соопштија од клубот, пренесувајќи сочувство до семејството и пријателите.
Со изрази на сочувство се огласи и неговиот поранешен клуб Елденсе.
„Елденсе искрено жали за загубата на Хозе Кастиље, кој играше за нашиот тим во сезоната 2015/16. Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство,“ соопшти клубот.
Покрај Елденсе, Кастиљехо настапуваше и за неколку други екипи од понизок ранг во Шпанија, Патерна, Буњол, Колон, Рода, Торе Леванте и Виљамарант.
Поплавите во Валенсија однесоа над 150 животи, оставајќи траен белег на регионот.