Конте го распрашувал Анчелоти но треба да си земе бројче, 10 клубови го сакаат Ренато Санчес

by
1 минути читање

Ренато Санчес
минатото лето се пресели на Алианц Арена за 35 милиони евра, но зделката со
бонуси може да се искачи до фантастични 80 милиони евра.

Сепак, Португалецот не се изнаигра многу во првата сезона во Минхен па затоа
сака да ја промени средината.

Шампионот на
Германија е подготвен да му ја исполни желбата на Ренато Санчес, и „Баварците“
сега се на слатки маки откако најмалку 10 клубови пројавиле интерес за
фудбалерот од средниот ред.

„Има најмалку 10
клубови кои сакаат да го добијат Санчес на позајмица
– открива генералниот извршен
директор, Карл Хајнц Румениге.

„По натпреварот
во Кина помеѓу Челси и Баерн Минхен, Конте го распрашуваше Анчелоти“.

„Ќе ги разгледаме
сите опции и ќе одлучиме што е најдобро за него. Доколку замине, тоа сигурно ќе
биде на позајмица. Сметаме на Ренато Санчес за во иднина
,

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани