Од Кина пристигнува знак дека Нејмар се сели во ПСЖ

by
1 минути читање

Постојано
пристигнуваат различни информации за иднината на Нејмар, се уште е нејасно дали
тој ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели во ПСЖ.

Последните вести
кои доаѓаат од Кина се голем знак дека Нејмар сепак ќе го смени клубот.

Организаторот на
некој комерцијален настан на кој требало да присуствува Нејмар, потврди дека
ивентот е откажан поради тоа што фудбалерот треба да направи трансфер.

„Драги корисници,
со жалење извесуваме дека средбата со Нејмар закажана на 31 јули во Шангај ќе
биде откажана поради тоа што фудбалерот и неговиот тим во моментов работат на
трансфер и не можат да ветат дека ќе бидат тука на тој датум. Поради тоа го
откажуваме настанот и во потполност ќе ви ги вратиме парите кои сте ги платиле
за билетите. Уште еднаш, ви се извинуваме за откажувањето на настанот“
– гласи
соопштението на организаторот.

ПСЖ ќе ја плати
откупната клаузула за Нејмар вредна 222 милиони евра и ќе направи апсолутен
трансфер рекорд.

Се очекува
Барселона во Кутињо од Ливерпул да најде утеха за заминувањето на Нејмар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани