Нејмар е топ тема
на медиумите, па евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе е во втор план и покрај
тоа што сумите кои се споменуваат за 18 годишниот напаѓач исто така се луди.
Оваа недела Марка
објави дека Реал Мадрид и Монако постигнале договор за трансфер вреден 180
милиони евра, вест која подоцна беше отфрлена од шампионот на Франција.
Денешното издание
на Лекип, вели дека Монако ќе му дозволи на Килијан Мбапе да замине на
Сантијаго Бернабеу под еден услов.
Сопственикот на
клубот бара чисти 180 милиони евра од продажбата на тинејџерот.
Тоа значи дека Реал
покрај овие 180 милиони евра, ќе траба да издвои уште десетици милиони евра на
име на данок.
Според законот во
Шпанија, Монако е даночен рај па на трансакцијата ќе треба да бидат платени 19%
данок.
Доколку
„кралевите“ го сакаат Килијам Мпабе ќе треба да одвојат околу 216 милиони евра (180 милиони за Монако, 34,5 милиони евра данок, и уште 1,4 милиони за првиот клуб на играчот, Бонди на име на тренинг компензација), што е
двојно повеќе од рекордниот трансфер на Пол Погба.