Се чини дека Алексис Санчез сака да замине од Арсенал и да направи трансфер во Манчестер Сити откако ќе го заврши одморот.
Венгер е цврст во ставот дека Санчез нема да биде продаден, но тој има само уште една година од договорот и доколку не замине ова лето, а одбие да потпише продолжување на соработката со Арсенал, ќе може да си оди како слободен играч.
Поради настапот на Купот на Конфедерации со Чиле, Санчез има продолжен одмор. Тој во недела треба да се приклучи на подготовките на Арсенал.
Но, на својот инстаграм профил објави фотографија и напиша дека е болен. Таквиот потег наиде на лавина реакции на фановите на Арсенал.
Ова се дел од коментарите:
-Можеби си болен, но и ние од твојата недоволна посветеност кон Арсенал, покажи малку респект кон човекот кој ти даде шанса да блеснеш а не флертувај со човекот кој те стави на клупа во Барса.
– Со ова мислиш дека не се враќаш на тренинг?
– Како не болен! Не сака да се врати на тренинг во Арсенал
– Болен или не, Венгер сака да те види во недела
– Не сакаш да се соочиш со Венгер ти алчно копиле
– Гладен си за пари
– Болен од играње за Арсенал
– Се надевам дека ќе си одиш наскоро! Немаш љубов за клубот, само сакаш пари
– Каква пи*ка си, кој постира вакви работи
– Се надевам дека наскоро ќе го земеме Лемар и ќе се ослободиме од тебе
– Сме загубиле многу подобри фудбалери од тебе и преживеавме. Не си поголем од Арсенал. Покажи малку почит.