82
Многумина со
нетрпение го чекаа првиот натпревар на Милан откако клубот од Сан Сиро ова лето
потроши преку 200 милиони евра на засилувања.
„Росонерите“ не
импресионираа, но тоа е разбирлово за овој дел од сезоната, со оглед на тоа
дека играчите не се во полн натпреварувачки ритам.
Но и покрај тоа,
Милан успеа да триумфира на гостувањето во Романија кај Краиова.
Избраниците на
Винченцо Монтела славеа со минимални 0-1, а единствениот гол беше дело на
новајлијата Рикардо Родригез.
Левиот бек кон
финишот на првиот дел добро биеше од слободен удар и го измами противничкиот
голман.