Кутроне му зададе главоболка на Монтела

by
2 минути читање

Мечот во Романија
може да отвори многу дилеми, пред се
во нападот на калчолигашот од Милано кој ова лето потроши доста пари за
скапи засилувања.

Во фокусот се наоѓа
Португалецот Андре Силва
, за кого Милан издвои 38
милиони евра, но неговата слава за момент му ја украде 19 годишниот суперталент
на Милан, Патрик Кутроне.

Младиот фудбалер
блескаше во победата над Баерн Минхен со 4-0 на пријателскиот меч одигран пред
само неколку денови, постигнувајќи два гола за својот тим.

Кутроне се најде
во почетниот состав кој го изведе Винченцо Монтела за претходно наведената
контролка, па истиот фудбалер возврати со два гола во 45 минути игра, онолку
колку играше против „Баварците“.

Токму Андре Силва
влезе на негово место во второто полувреме но се чини дека неговото издание
беше далеку од она на Кутроне.

Почетниот состав
на Милан, за дуелот против Крајова кој стартува за помалку од два часа во
Романија, може во целост да ги реши сите дилеми во однос на прашањето кое на
голема врата се отвори во Италија, Кутроне, или пак Силва.

Едно е сигурно,
доколку Силва добие шанса во почетните 11 за Милан за мечот во Романија, ќе има
убава можност да покаже и докаже дека тимот од Милано не треба да жали за „инвестирањето“
во него, во спротивно се отвора нова прилика за Кутроне.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани