Според пишувањата
на Лекип, Нејмар и ПСЖ ги испеглале сите детали и имаат целосен договор со Бразилецот, кој во Париз ќе има плата од 30 милиони евра по сезона.
Сега „Светците“
треба да ја активираат откупната клаузула за да го реализираат најскапиот
трансфер во историјата.
Но клубот од
Паркот На Принцовите најпрво сака да седне на маса со Барселона и да постигне
договор за трансфер без притоа да се активира откупната клаузула.
Проблем е данокот
кој треба да се плати, и тоа ќе ја зголеми сумата за 70-80 милиони евра, и
наместо 222 милиони евра, Нејмар ќе чини околу 300 милиони евра.
ПСЖ сака Барса да
прифати понуда од 222 милиони евра, а се отворени и за идејата да платат и
десетина милиони повеќе.
Слична беше
ситуацијата и при трансферот на ракометарот Никола Карабатиќ од Барса во ПСЖ,
„Светците“ не ја активираа клаузулата туку се договорија со Барса да платат
малку повисока сума.
Но „Каталонците“
сега не сакаат да седнат на маса со ПСЖ поради две причини.
Првата е тоа што
тие не сакаат да го продадат Нејмар, а втората е одбивањето на ПСЖ пред неколку
недели да започне преговори за трансферот на Марко Верати.
Барса се договори
со Италијанецот, но ПСЖ порача дека играчот не е на продажба и не сакаше да ја
слушне понудата на клубот од Камп Ноу.
Но ситуацијата може да се смени доколку Нејмар јавно побара трансфер и изврши притисок врз лидерите на Барселоан да започнат преговори. Бразилецот до овој момент ниту еднаш се нема огласено за рекордниот трансфер во Париз.