Стручнита аналитичари од Шпанија беа дел од панел-дискусија на која тема беше доделувањето на Златната топка.
Дел од нив беа за Винициус, дел беа за Родри, а Гонзало Миро реши да се присети на 2018 година. Според него, фактот дека Лука Модриќ го доби признанието.
„Разбирам дека многумина веруваат дека Винициус требаше да ја освои Златната топка, како што јас верувам дека требаше Родри. Мислам дека и онаа во 2018 година беше оружан грабеж. Тоа што му ја дадоа на Модриќ е тешка превара. За мене Гризман имаше многу поголем придонес. Во Мадрид се чувствуваат прелажано и поради начинот на кој се однесуваа, не треба никогаш да дојдат на доделувањето“, изјави Гонзало Миро.
Да потсетиме, Лука Модриќ во 2018 година ја освои Златната топка победувајќи ги Кристијано Роналдо и Антоан Гризман откако со Хрватска беше сребрен на Мундијалот во Русија.