Нејмар зборува на терените, Бразилецот кобен и за Јунајтед, Сити со убедливи 4-1 го совлада Реал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Нејмар молчи кога
се во прашање шпекулациите за рекорден трансфер во ПСЖ, но затоа пак зборува на
терените.

По двата гола
против Јувентус, тој утрово го реши и Манчестер јунајтед.

Во последниот
натпревар на „Црвените Ѓаволи“ на турнејата во САД, избраниците на Жозе Мурињо
загубија од Барселона со минимални 1-0.

Нејмар во 31.
минута одлично се снајде во противничкиот петерец и го матираше Де Геа за 1-0.

Со овој дуел,
завршува турнејата на Манчестер јунајтед во САД, најтрофејниот клуб од Англија
се враќа во Европа за да ги одработи последните подготовки за Суперкупот и
средбата на „Телеком Арена“ на 8. август.

Пред „Црвените
Ѓаволи“ се уште два контролни натпревари, против Валеренга и Сампдорија.


Нивниот противник
во Скопје, Реал Мадрид утрово загуби од Манчестер Сити со убедливи 4-1.

Откако мрежите
мируваа по првите 45 минути, стрелците се расположија во вториот дел.

Отаменди го
отвори резултатот во 52. минута, Стерлинг погоди за 2-0 во 59. минута, а Стоунс
најави убедлива победа во 67. минута.

Диаз се запиша во
листата на стрелците во 82. минута за 4-0, а Арнаиз Оскар постигна почесен гол
за „Крлевите“ во 90. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×