Родри: Прв играч кој ми честиташе беше Карвахал!

by riste
1 минути читање

Добитникот на „Златната топка“, Родри вели дека откако ја напуштил церемонијата, прв со кој се слушал бил неговиот сонародник од Реал Мадрид, Дани Карвахал.

Карвахал беше еден од потенцијалните добитници на наградата, но ниту тој, ниту Винисиус Жуниор не ја добија. „Златата топка“ отиде во рацете на Родри.

Но и покрај бојкотот на Реал Мадрид и фактот што тој не ја доби наградата, Карвахал прв му честитал на Родри.

„Зборував со Карвахал, првиот повик кој го добив откако ја напуштив церемонијата беше од него. Тој исто така ја заслужи оваа награда. Тој е фудбалер со кој сум многу близок, а станав уште поблизок со повредата која ни е идентична, тој ги дели истите вредности како и мене, ми честиташе“, открива Родри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани