Клоп кај не може да ги добие првите желби сега може да остане и без најдобриот играч

by
1 минути читање

Медиумите од Каталонија вчера пренесоа дека преставници на Барселона се во Лондон во обид да стигнат до потписот на Филипе Кутињо, но не беше јасно дали тој ќе биде замена за Нејмар или пак засилување за Бразилецот да остане на Камп Ноу.

Но во секој случај, Барселона прави прогрес во обидите, и последните информации велат дека клубот од Камп Ноу се договорил со играчот.

Сега останува Барса да си подаде рака и со Ливерпул, се говори за трансфер вреден 100 милиони евра.

Ваквите вести се проблем за Јирген Клоп, Германецот има фрустрирачки трансфер пазар, и никако не успева да ги доби двете најголеми желби.

Вирџил ван Дијк официјално достави барање за трансфер, но Саутемптон не попушта и бара 75 милиони фунти.

Слична е ситуацијата со Наби Кеита од РБ Лајпциг, клубот од Германија веќе одби понуда од околу 70 милиони фунти.

Доколку сега Ливерпул остане и без најдобриот играч, фановите сигурно нема да бидат среќни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани