„Глобо Еспорте“ излегува со интересна сторија дека Нејмар го наговорил Дани Алвес да потпише за ПСЖ со цел заедно да играат за францускиот тим, а сега тој ќе си го прекрши ветувањето.
Како одминува времето се поизвесно е дека Нејмар ќе остане во Барселона и ќе одбие трансфер во ПСЖ иако се уште не може да се каже со сигурност.
Но што со неговиот сонародник Дани Алвес? Единствената причина поради која тој потпишал за ПСЖ, а не за Манчестер Сити е ветувањето на Нејмар дека и тој ќе оди во францускиот клуб.
Тој им кажал и на Тиаго Силва и на Маркињос дека доаѓа во нивниот клуб.
Барселона за да го задржи Нејмар ќе треба да му понуди нов, подобар договор, иако и сегашниот кој беше потпишан лани му е огромен, 15 милиони евра годишно. ПСЖ му нуди двојно повеќе од платата која му ја даваат Каталонците.
Во наредните денови се очекува и конечна завршница на сагата за Нејмар.