„Специјалниот“ инестираше огромна сума на пари откако го превзеде кормилото на „Црвените Ѓаволи“ во 2016, го купи Пол Погба за рекордни 105 милиони евра, а ова лето реализираше уште една голема зделка, Ромелу Лукаку пристигна на Олд Трафорд за 90 милиони евра.
Жозе Мурињо вели дека ваквите трансфери не се проблематични, туку оние кога се плаќаат луди суми за играчи кои не се од светска класа.
„Проблем не е сумата која ја плаќата за топ играчи“ – вели менаџерот на Манчестер јунајтед.
„Мислам дека не е проблем да платите многу за Погба, или пак да одвоите луда сума за Нејмар“.
„Проблем е другата група, која е прилично голема. Трансфери како оној на Погба се малку, се бројат на прсти“.
„Другата група се 100 трансфери“.
„Малку сум загрижен бидејќи како од шала плаќаме 30 милиони, 40 милиони или 50 милиони фунти“.
„Секој клуб инвестира многу, и мислам дека некој клубови плаќаат многу повеќе од што треба“.
„И со тоа што плаќаат многу, креираат чуден трансфер пазар кој излегува надвор од контрола“.