101
Хрватот Лука Сучиќ не беше во кобминација за Реал Сосиедад во натпреварот против Макаби, но и без него шпанскиот тим славеше победа со 2:1.
Сепак, хрватскиот фудбалер поради една причина се најде во центарот на вниманието. Имено, тој допатува во Белград каде што се играше натпреварот поради војната во Газа, меѓутоа не настапи.
Имено, во текот на денот на натпреварот тој добил позитивен тест на коронавирус и поради тоа морал да остане изолиран во хотелот кој биле сместени.
Во овој период ова е навистина реткост, меѓутоа и потсетува на периодот во времето на пандемијата кога ваквите случаи беа честа појава и фудбалерите пропуштаа многу натпревари.