Компани: Барселона е најдобар тим во Европа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го декласира Баерн Минхен со 4-1 во рамките на третото коло од Лигта на шампионите. Дербито понуди многу возбудувања и шанси на двете страни, а далеку посигурна беше домашната екипа.

По натпреварот тренерот на баварците Винсент Компани нагласи дека Барселона е еден од најдобрите клубови на светот и поразот не е изненадување.

Честитки за Барселона. Оваа нивна победа не е изненадување, тие се најдобар тим во Европа. Ова се натпревари на кои сакаме да победуваме и каде што треба да ја покажеме најдобрата верзија на Баерн. Сега ни останува само да извлечеме поуки и да бидеме на повисоко ниво во Бундеслигата и да бидеме најдобри што може во Лигата на шампионите“, изјави Компани.

Баерн во Бундеслигата игра одлично, меѓутоа во Лигата на шампионите има победа и два порази.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани