81
Минатата недела Касано одлучи да се пензионира по само осум дена откако потпиша за Верона. Фудбалерот свика прес конференција на која требаше да ја соопшти одлуката, но во меѓувреме се предомисли и пред новинарите кажа дека ќе продолжи да игра.
Според Скај Спорт Италија, контроверзниот Касно денеска повторно ја сменил одлуката, поради носталгија кон фамилијата која нема да се пресели во северна Италија, одлучил да се пензионира.
За разлика од Скај Спорт Италија, Премиум Спорт пишува дека Касано веројатно ќе продолжи да игра фудбал, но тоа ќе го прави во друг клуб, а ќе ја напушти Верона.