78
Во увертира на Суперкупот во Скопје, Манчестер јунајтед и
Реал Мадрид ги одмерија силите во САД, во рамките на Интернационалниот куп на
шампиони.
Мечот во Санта Клара долго ќе го памети, но по лошо, Белгиецот
Маруан Фелаини, кој во неколку ситуации се најде во незгодна ситуација.
Најпрво Марсело си поигра со Белгиецот, за потоа Модриќ, да
не остане покус, возврати со нова мајсторија.
Своите фудбалски вештини во однос на дриблерските способности ги покажа и Марсијал од редовите на Манчестер јунајтед, тој пак си поигра со дефанзивците на европскиот шампион во стилот на Меси.