Такач извади топка од аголот и спречи деби гол на Миовски, Македонецот се фати за глава (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Миовски

Бојан Миовски се уште го чека деби погодокот во дресот на Жирона, Македонецот вечерва беше блиску до гол, но голманот на Слован Братислава со фантастична интервенција извади топка од аголот.

Бојан Миовски и Жирона се радуваат на прва историска победа во Лигата на шампионите, но малку фалеше Македонецот да го памети овој натпревар и по својот деби погодок во дресот на клубот од Каталонија и во најелитното европско натпреварување.

На стартот од второто полувреме, Мигел Гутиерес нафрли една топка, а Бојан Миовски одлично реагираше и со глава биеше во аголот, но гостинскиот голман Такач одговори на ист начин и фантастично одбрани.

Македонецот се фати за глава и не можеше да поверува дека топката не заврши во мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани