95
Барселона убедливо ја совлада Севиља во 10 коло на Ла Лига со високи 5-1 и се одржа на водечкото место.
По натпреварот тренерот Ханси Флик призна дека е суеверен, односно го откри својот ритуал кога неговите тимови изведуваат пенали. Германскиот стратег никогаш не го гледа самото изведување, а тоа го прави со години наназад.
„Никогаш не гледам кога мојот тим изведува пенал. Го направив тоа еднаш, не гледав и постигнавме гол. Продолжив да го правам тоа, ми стана навика“, призна Флик.
Барселона веќе в среда ја очекува дерби меч во Лигата на шампионите, дома против екипата на Баерн Минхен.