114
Англискиот четвртолигаш Транмере Роверс можеби ќе добие нова сопственичка, а тоа ќе биде една од најпознатите светски пејачки Ријана.
Американката заедно со нејзиното момче Раким Мајерс ќе станат нови сопственици на клубот кој се натпреварува во Лига 2. Испратена е понуда од 15 милиони фунти за акциите на клубот, а веќе е започнат процесот за купување на клубот. Сопственикот Марк Палиос е отворен за продажбата и доколку се биде според планот се очекува да се комплетира.
Транмере е клуб кој често е дел од четвртолигашката конкуренција во Англија. Сепак, доколку Ријана и нејзиното момче влезат како сопственици, амбициите им се многу високи, дури се споменува и Премиер лигата па дури и нејзино освојување.