Ливерпул не го дава врвот, слави во дербито со Челси! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Ливерпул ја запишаа седмата сезонска победа во Премиер лигата во осмата рунда, на својот „Енфилд Роуд“ против Челси со 2-1 (1-0).

„Црвените“ на Арне Слот одиграа коректен натпревар, беа за нијанса подобри од ривалот, а што е најважно ги искористија своите шанси. Иако можеби „сините“ заслужија бод на ова тешко гостување, недостигаше концентрација во завршната третина од теренот.

Резултатот беше отворен во 29. минута од натпреварот преку Мохамед Салах кој ја реализира најстрогата казна за својот тим. Овој резултат беше активен на полувремето, а потоа на стартот на продолжението Николас Џексон израмни. Иако прво беше сигнализиран офсајд, ВАР укажа дека Џексон е во дозволена позиција и голот важеше (1-1).

Сепак, радоста на Челси траеше кратко бидејќи Куртис Џонс веќе во 51. минута ја врати предноста на Ливерпул (2-1). До крајот гостите се обидоа да дојдат до израмнување, меѓутоа не успеаја вторпат да ја стресат домашната мрежа.

Ливерпул со 21 бод е лидер на табелата, додека Челси има 14 на шестата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани