90
Мејсон Гринвид е на крстопат во кариерата, бидејќи треба да одлучи за која репрезентација ќе настапува. Тој како младинец беше репрезентативец на Англија, а има корени и можност да игра и за Јамајка.
По преземањето на клупата на „Гордиот Албион“ од страна на Томас Тухел се актуелизира прашањето за настапите на Гринвуд за Англија. Наводно Тухел сака да го врати на „островот“, подготвен е да му даде шанса да се докажува во една од најсилните репрезентации на светот.
Сепак, Мејсон Гринвуд нема туку-така да прифати да игра за Англија. Фудбалерот бара гаранции дека ќе има простор да игра, односно дека ќе биде стандарден дел барем од ротацијата и списоците на селекторот, во спротивно ќе се одлучи да игра за Јамајка.