165
Шампионот на
Англија беше пресилен за Арсенал на контролната средба која попладнево се
одигра на Далечниот Исток.
„Топчиите“ имаа добри
резултати на претходните три пријателски средби, но Антонио Конте го врати
Арсен Венгер во реалноста и му покажа дека му треба уште некое засилување.
Челси, без ниту
еден новајлија во составот, со 3-0 славеше над ривалот од Лондон.
Вилијан го отври
резултатот во 40. минута по една соло акција, а 120 секунди подоцна и Батшуаји го матираше Оспина.
На стартот од
вториот дел, Батшуаји по втор пат се запиша во листата на стрелците и ги
постави конечните 3-0.