Најдобриот стрелец на Баер Леверкузен имал страшна сообраќајна несреќа (ВИДЕО)

by bojan
8 минути читање
Бонифејс

Напаѓачот на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс имал страшна сообраќајна несреќа но поминал само со исектини по главата и телото.

Виктор Бонифејс вчера со гол во второто полувреме донесе триумф на Баер Леверкузен во пресметката против Ајнтрахт Франкфурт, за Нигериецот ова беше голот број 5 оваа сезона, со што е прв стрелец на „фармацевтите“.

Но напаѓачот имал драма во вечерните часови, бил инволвиран во страшна сообраќајна несреќа и неговиот авомобил Мерцедес претрпел значително оштетување.

Виктор Бонифејс има само исектони по главата и телото, па на социјалните мреж испрати неколку пораки со кои му благодари на Бога што поминал добро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани