Според пишувањата на Скај Германија, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе водат голема битка за потписот на Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.
Флоријан Вирц важи за еден од најперспективните играчи во Европа и Баер Леверкузен ќе има тешка задача да го задржи во своите редови.
Се очекува следното лето да пристигнат неколку богати понуди за услугите на офанзивниот фудбалер.
Реал Мадрид подолго време го мерка Флоријан Вирц и го има идентификувана како замена за Тони Крос, и играчот кој ќе донесе креативност во играта на тимот.
Но како што пренесува Скај Германија, и Манчестер Сити е вотрката, „граѓаните“ го сакаат Флоријан Вирц како замена за Кевин Де Брајне, кој ја одработува последната година од договорот и има големи шанси да се пресели во Саудиска Арабија.
Баерн Минхен исто така го има Флоријан Вирц во својот бележник, спортскиот директор Мак Еберл веќе опипува терен за богат трансфер и креирање страшен тандем со Џамал Мусиала.
Се верува дека Флоријан Вирц е привлечен од идејата следниот чекор да му биде во Минхен, каде ќе продолжи со развојот во познато првенство, и дури по неколку години да почне да размислува за трансфер во странство.
На Баер Леверкузен пак не му се допаѓа ова сценарио, актуелниот шампион на Германија преферира трансфер во странство со цел да не го засили директниот ривал.