121
Tренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто доби суспензија од три натпревари за исклучувањето кое го заработи против Брајтон.
Нотингем во натпреварот одигран минатиот месец и кој беше исполнет со тензија одигра 2:2, а тренерот на „шумарите“ беше исклучен во завршницата од натпреварот.
Покрај суспензијата Нуно беше казнет и со парична казна од 55.000 фунти. Од Фудбалскиот сојуз на Англија објавија дека Нуно се однесувал недолично и го навредувал судијата.
Парична казна заработи и неговиот колега на спротивната страна Фабијан Герцелер кој исто така доби црвен картон. Тој ќе треба да плати казна од 8.000 фунти.