183
Медиумите во
Италија пренесуваат дека доаѓањето на Александар Коларов во редовите на Рома
ова лето зависи од исходот од преговорите помеѓу Манчестер Сити и Монако, за
левиот бек на францускиот првак, Бенјамин Менди.
Преговорите
помеѓу двата клуба се во тек, па се најавува трансфер вреден 50 милиони фунти.
Познато
е дека Рома веќе испрати понуда за Коларов, па како што пренесува „Скај Италија“,
31. годишниот српски интернационалец ќе може да се пресели во Рим, но само во
случај да се официјализира трансферот на Менди во Манчестер Сити.