Дејвид Мојс ќе води нов клуб во Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Кристал Палас не ја започна најдобро сезоната во Премиер лигата и тоа може да доведе до смена на тренерот Оливер Глазнер.

Медиумите на Островот пишуваат и дека е спремна неговата потенцијална замена. Во сезоната Палас влезе со повисоки амбиции, но по седум кола имаат само три бода и ако нешто не се промени изгледа ги чека тешка борба за опстанок.

Глазнер ја презема екипата во текот на минатата сезона и се очекуваше тимот да продолжи да расте, но дојде до голем пад во формат поради кој би можел и да остане без ангажман.

Како фаворит за негов наследник се споменува Дејвис Мојс. Мојс најголемата трага во Англија ја остави како тренер на Евертон каде што помина 11 години, потоа имаше неславни епизоди во Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад, па една година беше во Сандерленд од каде дојде во Вест Хем.

Со Вест Хем прво обезбеди опстанок, а во вториот мандат ги одведе до трофејот во Конференциската лига и полуфиналето во Лига на Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани