Репрезентациите на Полска и Хрватска вчера ремизираа во Лигата на Нации одигрувајќи 3:3, а по овој натпревар сериозни закани доби хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ.
Ливаковиќ заработи исклучување ви 76. минута откако невнимателно го удри Левандовски кој се обидуваше да шутне една топка.
Полските навивачи се бесни на Ливаковиќ затоа што го повреди нивнииот најдобар фудбалер, но некои од нив отидоа и предалеку.
„Кучко без достоинство, за малку ќе го убиеше. Не беше тоа нормален старт, туку напад. Ако беше ова вистинската Полска, ти немаше да ја напуштиш земјата. Заслужи да те однесат право во затвор“, гласи еден од коментарите.
Друг му испрати директна закана.
„Деновите ти се избројани! Бескорисен кучикн сине! Ќе те најдам и ќе те убијам, спиј со отворени очи“, стои во пораката на социјалните мрежи.