Ерик Тен Хаг е пред отказ на клупата на Манчестер Јунајтед и во медиумите на големо се шпекулира со имињата на неговите потенцијални наследници.
Томас Тухел беше еден од главните кандидати, но тој отпадна од игра откако и официјално беше потврден неговиот договор со репрезентацијата на Англија.
Според островските медиуми, Џим Ретклиф е одлучен во намерата да го доведе Зинедин Зидан. Наводно, Французинот не би имал ништо против да го преземе гигантот од „Олд Трафорд“ ако му се исполнат два услови.
Првиот е „добра комуникација“. Зидан не знае добро англиски, а бидејќи е важно еден тренер да има што подобра комуникјација со своите играчи клубот ќе треба да вложи дополнителни напори за тоа да му го овозможи.
Вториот услов кој Французинот го поставил бил целосна контрола врз трансфер политиката и доведувањето на нови играчи, односно побарал гаранции дека ќе му бидат доведени фудбалерите кои тои ќе сака да го засилат тимот.
Јунајтед уште од заминувањето на Сер Алекс Фергусон не може да пронајде идален тренер и клубот се мачи изминатите години со резултати кои не ги радуваат фановите.