124
Германецот Томас Тухел наскоро треба и официјално да биде потврден како нов селектор на „Гордиот Албион“ откако вчера постигнал договор со Фудбалската асоцијација на Англија.
Набрзо по објавата за договорот откриена е и платата на гермнаскиот стратег. Имено, Тухел ќе ја води Англија пет милиони фунти годишно или 100.000 неделно и тоа идентична сума која ја добиваше Герет Саутгејт.
Договорот кој ќе го потпише ќе има важност 18 месеци, односно до Мундијалот во 2026 и со работа ќе започне на 1 јануари 2025 година.
За Тухел Англија нема да биде непозната дестинација бидејќи во минатото го водеше Челси. Ќе потсетиме на позицијата го наследува Герет Саутгејт кој си замина по Европското првенство.