Кантона по отказот на Ферги: Скандалозно… сите директори би ги фрлил во голема торба со го*на!

by bojan
1 минути читање
Фергусон

Легендарниот Ерик Кантона даде коментар за отказот кој го доби Сер Алекс Фергусон од Манчестер јунајтед, вели дека одлуката на ко-сопственикот Сер Џим Ратклиф е скандалозна.

Откако Сер Џим Ратклиф стана ко-сопственик на Манчестер јунајтед, реши да крати трошоци и отказ добија околу 250 вработени.

Како ова да не беше доволно, тој се реши на еден многу непопуларен потег и му врачи отказ на Сер Алекс Фергусон, најтрофејниот тренер во историјата на клубот. Шкотот имаше улога на глобален амбасадор на „ѓаволите“, функција за која добиваше нешто над 2 милиони фунти, па оваа сезона ќе му биде последна.

Легендарниот Ерик Кантона вечерва даде коментар и не се штедеше со критиките.

„Сер Алекс Фергусон треба да може да прави што сака во Манчестер јунајтед се додека е жив. Колку само покажаа непочитување. Ова е скандалозно. Сер Алекс Фергусон секогаш ќе биде мојот шеф“ – напиша поранешниот фудбалер на „ѓаволите“.

„Сите би ги фрлил во една голема торба со го*на“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани