Обвинувања кон Лапорта: Лаже за финансиите, Барселона должи 2.48 милијарди евра

by Стефан
1 минути читање

Виктор Фонт кој беше кандидат за претседател на Барселона не верува во зборовите на Жоан Лапорта и верува дека актуелниот прв човек на клубот лаже за финансиската ситуација.

Фонт јавно го критикуваше актуелното раководство тврдејќи дека зборуваат лаги и поднесуваат лажни извештаи.
Според неговите зборови долгот на Барселона изнесува 2.5 милијарди евра.

„Лапорта не е многу поразличен од Бартомеу. Не може да управува со лажни извештаи, отворено не залажува во изминатите години. Клубот во последните четири години потроши 1.04 милијарда отколку што заработивме.

Приходите ни се многу помали од времето на Бартомеу, Лапорта собра кредити. Претходно имавме долг од 1.15 милијарди, сега е 1.3 милијарди. Ако се додаде и Еспаи Барса веќе должиме 2.48 милијарди евра. Ги прекршуваме правилата затоа што долгот кој го имаме е двојно поголем од нашиот буџет“, изјави Фонт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани