Македонија У21 огромен аутсајдер против Грузија во Кутаиси!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ќе го одигра последниот натпревар во квалификациите за Европското првенство, а тоа ќе биде гостување кај соодветната селекција на Грузија.

Нашиот млад национален тим ќе го заврши циклусот на четвртото место, додека Грузијците само со победа би останале во игра за пласман на континенталниот собир. Токму поради тој резултатски императив за домаќинот и неважноста на мечот за нас, букмејкерите на Македонија ѝ дадоа улога на апсолутен аутсајдер.

Според квотите, Грузијците мора да победат, им се дава коефициент од 1,30 до 1,40, додека за триумф на Македонија квотата е поставена околу 8.

Момците на Драги Канатларовски врзаа две победи против Гибралтар на гости и Молдавија дома во петокот. Атмосферата е добра, меѓутоа делува дека силно мотивираните Грузијци нема да дозволат изненадување. Првиот меч во Скопје беше израмнет, а гостите го добија со единствениот гол на Маматсашвили.

Македонија и покрај тоа што освои 12 бода (три од нив беа изненадувачки против Швеѓаните на гости) има циклус за заборав, барем кога ќе се согледа играта која беше прикажана.

Мечот на „Рамаз Шенгелиа“ во Кутаиси се игра во 18:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани