Претседателот на
Барселона, Жозеп Бартомеу не даде конкретен одговор на прашањата на тамошните
новинари во однос на се побројните шпекулации дека Нејмар ќе се пресели во ПСЖ
ова лето за неверојатни 222 милиони евра.
„Ние сме смирени,
зборувавме доволно…“ рече накратко Бартомеу.
На инсистирање на
новинарите, тој за момент одговори во однос на темата која ја „тресе“
Барселона, поточно фактот што новајлијата во тимот на ПСЖ, и екс член на
Барселона, Дани Алвеш би можел да биде клучен во преговорите со својот
сонародник.
„Прашајте го него“
им порача Бартомеу на репортерите.
Нејмар во
моментите кога делеше автограми и заеднички фотографии со фанови, беше обколен
со новинари кои бараа одговор на мошне актуелната тема која ја зафати цела
фудбалска Европа.
Нејмар одби да даде коментар во однос на оваа тема, а
каталонски „Спорт“ за ова излезе со наслов „Сомнителен молк од страна на Нејмар“.
И покрај кусиот коментар на Бразилецот кој издвои дека е среќен во Барселона, сепак, денес се појавија информации низ каталонските медиуми, кои велат дека таткото на Нејмар заминал во Париз, причината за неговата посета во главниот град на Франција е
непозната, но многумина не веруваат дека сево ова е случајност.