Манчестер јунајтед во овој преоден рок како големи засилувања ги донесе Линделоф и Лукаку. Клубот се поврзуваше и со имиња како Перишиќ и Мората, но засега нема ништо од тоа.
„Секогаш сакаме повеќе, секогаш сметаме дека можеме да напредуваме и не можам да кажам дека сум задоволен од нашиот преоден рок“ – вели Мурињо.
„Исто така можам да кажам дека ова е тежок преоден рок и не обвинувам никого, тоа е само реалноста на работите. Пазарот оди во таква насока да многу од фудбалерите тешко е да ги донесеш, да не речам невозможно“.
„Секој клуб е моќен и тие или не сакаат воопшто да продаваат или нивните барања се навистина високи, па пазарот е тежок“.
„До моментов ги донесовме Лукаку и Линделоф, двајца фудбалери кои добро ги знам. Со едниот работев претходно, а другиот играше во португалското првенство кое го следам секој викенд“.
„Пазарот е отворен до 31 август, па има уште многу време, но јасно е дека јас како и секој тренер сакам порано да ги имам фудбалерите со цел да бидат со нас и на подготовките“.